Унгарија ја блокираше помошта од 50 милијарди евра на ЕУ за Украина, само неколку часа откако Европскиот совет одлучи да ги започне пристапните преговори со земјата.
„Резиме на вечерашната средба: Вето за дополнителни пари за Украина“, напиша синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан на мрежата Х, по состанокот на Европскиот совет во Брисел.
„Ќе се вратиме на тоа прашање следната година по соодветна подготовка“, додаде Орбан.