285
Денеска во работна посета на Македонија ќе претстојува министер за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто.
Во рамките на еднодневната работа посета на министерот Сијарто од негова страна ќе биде предадена и донација на вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи, соопштија од министерството за надворешни работи.
На пречекот на аеродромската писта на аеродромот во Скопје, при самото слетување ќе присуствуваат министерот за надворешни работи Бијар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со цел превземање на донацијата.