Унгарија е една од најбезбедните земји во светот, кажа Сијарто пред пристигнувањето на Путин во Будимпешта

„Вчера мојот руски колега ме информираше дека денес ќе има телефонски разговор со Американецот, кого Доналд Трамп го замолил да ги води подготовките за преговорите од американска страна“, рече Сијарто.

од Vladimir Zorba
20 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Унгарија ќе го обезбеди пристигнувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта за планираниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, изјави денес министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто, пренесува Ројтерс.

„Секако, ние тука во Будимпешта сме подготвени да ги обезбедиме потребните услови за да можат претседателите на САД и Русија да одржат разговори во безбедна и мирна средина. Унгарија е најбезбедната земја во Европа и една од најбезбедните земји во светот“, рече Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.

Тој изјави дека, според информациите што ги има, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес ќе разговара со американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Вчера мојот руски колега ме информираше дека денес ќе има телефонски разговор со Американецот, кого Доналд Трамп го замолил да ги води подготовките за преговорите од американска страна“, рече Сијарто.

Истакна дека датумите на самитот ќе бидат разгледани по состаноците на министрите за надворешни работи на САД и Русија што се очекуваат следната недела.

Унгарскиот министер за надворешни работи, исто така, изјави дека е одржан телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер.

Трамп во четвртокот објави дека ќе се сретне со Путин во унгарската престолнина за да разговара за завршување на војната во Украина.

Слични содржини