282
Унгарскиот претседател Тамаш Суљок денеска го потпиша предлог-законот со кој се одобрува приемот на Шведска во НАТО, соопшти денеска кабинетот на Суљок.
На 26 февруари унгарскиот парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата, што беше последна пречка за влез на оваа нордиска земја во НАТО, пренесe Ројтерс.
Шведска, која следеше политика на воена неутралност за време на двете светски војни и Студената војна, одлучи да се приклучи на НАТО по почетокот на војната во Украина во 2022 година.