Унгарија ќе гласа против Резолуцијата за Сребреница

од Nikola Popovski

Унгарија ќе гласа против резолуцијата за Сребреница, изјавил ценеска министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, на прес-конференција во Будимпешта.

Сјарто оценил дека средство за смирување на тензиите е влезот на Балканот во ЕУ.

Сијарто изјавил дека со претседателот на Република Српска, Милорад Додик разговарал за надворешната трговија и општа соработка.

-Мирот на Балканот е од фундаментално значење за стабилноста на цела Европа. Унгарија има намера да направи се за да придонесе за стабилноста и мирот на Западен Балкан и во Европа, кажал Сијарто.

Седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се разгледува Резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај.

Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата.

Слични содржини