Унгарија: Ќе ја блокираме воената поддршка на Украина додека Киев не ги укине санкциите врз ОТП банка!

од Vladimir Zorba
337 прегледи

Унгарија ќе ја блокира следната транша од воената помош на ЕУ за Украина и секој нов пакет санкции против Русија, доколку Киев не ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на воени спонзори, изјави во средата унгарскиот министер за надворешни работи.

„Не можеме да дадеме зелено светло се додека ОТП е на црната листа“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека „истото важи и во случај на санкции“.

Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша од воената помош за Украина од Европскиот фонд за мир (ЕПФ), барајќи гаранции дека и другите региони, како Балканот или Северна Африка, ќе добијат средства.

ЕПФ, основана во 2021 година, е вонбуџетски инструмент чија цел е зајакнување на способноста на ЕУ да спречи конфликти, да изгради мир и да ја зајакне меѓународната безбедност.

Досега ЕУ обезбеди вкупно околу 3,6 милијарди евра за воена поддршка на Украина.

Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО, одби да испорача каква било воена опрема на соседна Украина и во неколку наврати ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, но на крајот сепак ги поддржа сите досега договорени мерки.

Слични содржини