Унгарија несомнено е дел од Западот, вели претседателот Суљок

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Унгарија несомнено е дел од Западот и беше донесена свесна одлука да стане таква, изјави денеска во својот инаугуративен говор претседателот на земјата Тамаш Суљок.

Тој рече дека кралот Свети Стефан одлучил Унгарија да биде европска, а генерациите до денес ја зајакнале оваа одлука, пренесе МТИ.

„Значи, Унгарија е европска не само географски туку и духовно“, рече тој, додавајќи дека земјата не се претопила во Европа, туку се споила со неа и двете работи не се исти.

Слични содржини