Не ја разгледуваме Русија како закана за Унгарија, рече Сијарто.
Русија не треба да се зема како закана за Унгарија или пак за која и да е друга земја-членка на НАТО. Тоа, го рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Дипломат №1 на Будимпешта и ги оквалификува санкциите против Москва како “бескорисни”. “Ние не треба да се радуваме од загубите за руската економија од овие санкции, бидејќи тоа се лоши вести и за самата Европа”, рече тој. Рускиот претседател Владимир Путин ќе направи официјална посета на Унгарија во недела – на 2-ри февруари. По тој повод Петер Сијарто изјави: “Јас лично не ја гледам Русија како закана за Унгарија”. “Разбирам и ги почитувам повеќето различни мислења на нашите полски и балтички пријатели по ова прашање … Русија нема да нападне ниту една земја од НАТО. Мислам дека тоа не е во интерес на самата Русија”, истакна унгарскиот дипломат. Петер Сијарто зборува и за односите меѓу Унгарија и САД и изјави дека “очекува драматичен напредок” во односите со Вашингтон. Унгарскиот министер за надворешни работи се согласи со ставот на новиот американски претседател Доналд Трамп дека “НАТО претрпе неуспех при заштитата од тероризам”.