Унгарскиот парламент усвои резолуција со која го отфрли планот на Европска унија за распределба на мигрантите по квоти во земјите-членки

Унгарскиот парламент усвои резолуција со која го отфрли планот на Европска унија / ЕУ / за распределба на мигрантите по квоти во земјите-членки на Унијата. Резолуцијата беше поддржана од пратениците од владејачката партија на премиерот Виктор Орбан Фидес, како и од пратениците од Христијанско-демократската партија и ултрадесничарската формација Јобик. Гласањето во парламентот им овозможува на властите во Будимпешта да започнат правна постапка за спротивставување и отфрлање на планот на ЕУ. Унгарската влада предупреди дека ќе ја почека одлуката на парламентот за да ја обжали одлуката од Брисел Властите во соседна Словачка исто така, планираат да преземат таков чекор.
Потсетуваме дека пред две недели Европската комисија го отфрли извештајот на чешката влада, во кое се велеше дека прераспределбата на квоти на мигранти ги прекршува европските закони. Од Брисел препорачаа властите во Прага да ја тужат ЕУ, ако сметаат ја прераспределбата на квоти за прекршување. Унгарија веќе ја затвори границите со Србија и Хрватска и на тој начин практично целосно го прекине влегувањето на илегални мигранти во земјата. Потоа целиот миграциски бран се пренасочи од Србија кон Хрватска и Словенија. По 17 септември во Хрватска пристигнаа над 320 000 мигранти.