Унгарија: Тројца уредници и повеќе од 50 новинари поднесоа оставки во најголемиот независен портал

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Тројца уредници и повеќе од 50 новинари на главниот независен унгарски портал Индекс.ху поднесоа оставки, откако беше отпуштен главниот главен уредник, Шаболч Дул.

Во соопштението од печатот се оценува дека разрешувањето на нивниот шеф е „отворен обид да се изврши притисок врз Индекс“.

Тие рекоа дека тие биле отпуштени откако претседателот на Управниот одбор го одбил барањето за враќање на Шаболч на позицијата главен уредник, пренесе „Ројтерс“.

Главниот уредник на најголемиот унгарски независен портал беше отпуштен пред два дена.

Минатиот месец, Индекс го премести својот „барометар на независност“ од категоријата „независен“ во категоријата „во опасност“, по конфликтот кој дојде со раководството поради реорганизација на редакцијата, на што порталот остро се спротивстави.

Индекс е меѓу неколкуте независни медиуми кои се финансиски загрозени и нивната слобода на дејствување е намалена како резултат на напорите на премиерот Виктор Орбан да контролира поголем дел од унгарските медиуми, проценува АП.