243
Претседателката на Унгарија, Каталин Новак денеска го покани папата Франциск, кој е во посета на таа земја, да разговара со претставниците на Киев, Москва, Вашингтон, Брисел и сите оние без кои не може да се постигне мир во Украина.
„Овде во Будимпешта бараме вие лично да преземете мерки за воспоставување непосреден и праведен мир“, рече Новак, пренесува агенцијата МТИ.
Претседателката изјави дека посетата на папата Франциск не е случајна, туку дека ова е вистинското место и време за средба за да се постигне мир.