Унгарската владејачка партија го поддржа влезот на Финска и Шведска во НАТО

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе поддржи ратификација на влезот на Финска и Шведска во НАТО, соопшти денеска парламентарната група на таа партија, која контролира нешто повеќе од две третини од местата во унгарскиот парламент.

Унгарските пратеници порано денеска го започнаа процесот на ратификација за влез на скандинавските земји во НАТО по неколкумесечно одложување, објави Ротерс.

Ваквата одлука уследи откако претседателот на Унгарија, Каталин Новак и владин претставник ги повикаа пратениците да ги поддржат предлозите за што побрз прием на двете земји во НАТО.

Слични содржини