Унгарската енергетска компанија MOL би можела да плати околу 1,4 милијарди евра за купување на 56,15 отсто од акциите на НИС, кои се во сопственост на рускиот партнер, објави унгарскиот портал Непсава, повикувајќи се на сигурни извори.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека мнозинскиот удел во НИС ќе биде платен меѓу 900 милиони и една милијарда евра. Од друга страна, брокерот Бранислав Јоргиќ посочи дека книговодствената вредност на компанијата изнесува 3,2 милијарди евра.
Цената од 1,4 милијарди евра се совпаѓа со претходните процени на аналитичарите од Erste банка. Според аналитичарот Тамаш Плетсер, купувањето по оваа цена би довело до раст на вредноста на акциите на MOL, додека повисока цена не би имала позитивен ефект врз нивната пазарна вредност.
Веста ја пренесе Forbes Србија.