Унгарскиот амбасадор: За Груевски е известен органот на ОН за бегалци

од Nikola Popovski
304 прегледи

Немам валидни информации околу околностите за бегството на Груевски. Она што е факт е дека во Унгарија судот донесе решение. За оваа одлука е известен самиот засегнат и органот на Обединетите нации за бегалци и врз основа на тоа Груевски е во Унгарија, вели унгарскиот амбасадор во земјава Иштван Дукс во емисијата „Студио 10“, околу статусот на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој избега во Будимпешта.

Според амбасадорот, Министерството за внатрешни работи на Унгарија и амбасадата во Скопје немаат никакви конкретни врски околу екс-премиерот.

Груевски избега од земјава во 2018 година. Ниту денеска нема наоди и информации дали тој имал логистичка помош во Македонија при подготовките за неговото бегство. Против него има неколку неколку судски пресуди.

Слични содржини