9
Повеќе од 370 милиони девојчиња и жени, кои и денес се живи, биле жртви на сексуално насилство пред да наполнат 18 години, соопшти денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
„Повеќе од 370 милиони девојчиња и жени кои живеат денес, односно една од осум, биле жртви на силување или сексуален напад пред да станат полнолетни“, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ објавено по повод 11 Октомври, Светскиот ден на девојчето.
Ако се избројат и случаите на „неконтактни“ облици на сексуално насилство, како насилство на Интернет и вербално вознемирување, тогаш таа бројка е 650 милиони, односно секоја петта жена била злоставувана.