Карлос Алкараз денеска ќе игра за втората Мастерс титула во кариерата.
Младиот шпански тенисер е во фантастична форма, во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета, прикажувајќи одлична игра со 6:7 (5), 7:5, 7:6 (5).
Шпанецот успеа да направи нешто што досега никој не го направил – за два дена на истиот турнир ги победи Надал и Ѓоковиќ, на земја.
Во изминатите 15 години имаше повеќе играчи кои успеаја да го направат тој „двоен подвиг“, но не на најбавната подлога.
Налбандијан го направи тоа во 2007 година, Давид Ферер истата година и Енди Родик во 2008 година.
Една година подоцна истото го направија Николај Давиденко и Робин Содерлинг, а истото го направија и Иван Љубичиќ, Роџер Федерер, Стен Вавринка, Хуан Мартин дел Потро, Доминик Тим и Данил Медведев.
Алкараз во финалето ќе игра со Александар Зверев, откако има можност да ја оствари 28-та сезонска победа и четвртата титула, откако беше најдобар во Рио де Жанеиро, Мајами и Барселона.