Уништени 67.000 вакцини на Дрисла од неколку производители

од Nikola Popovski
264 прегледи

Министерството за здравство информира дека на депонијата Дрисла денеска се уништени 67 илјади дози вакцини Фајзер, Астра Зенека и помал дел Синофарм, со изминат рок на употреба.

Според МЗ, уништувањето на вакцините се реализира во неколку фази, почнувајќи од денеска, а ќе продожи и во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози.

Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија. Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД, соопштија здравствените власти.

Слични содржини