По вчерашната полициска акција за апсење на логистичари на терористичката група од Диво насеље со рекција се јави УНИТЕТИ на некогашниот висок функционер на ДУИ и генерал на ОНА- Гзим Острени.
“Полицијата со која раководат Али Ахмети и Никола Груевски, во вчерашната акција во Скопје и Куманово, во обид да ја дефокусира јавноста од неуспехот на преговорите, апсеше граѓани, меѓу кои се најде и инвалидизиран човек. Сакаме да знаеме кои ќе бидат следните чекори на оваа влада во заминување, дали се уште ќе ја дефокусира јавноста од нивните неуспеси на последователните наводни демократски процеси“, пишува во партиската реакција.
