250
Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани и Олимпија Марковска ,офицер за детска заштита. На средбата се разговараше за унапредување на правата на децата, нивната заштита и Стратегијата за заштита на детско престапништво.
Претставничката на УНИЦЕФ беше информирана и за новиот Кривичен законик во кој се ревидирани одредбите кои се однесуваат на правната заштита на децата, особено за делото ,,сексуална злоупотреба на децата”. УНИЦЕФ ќе даде поддршка на новите законски одредби а соработката со Министертсвото за правда ќе продолжи и во наредниот период.