Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ започна проект за собирање средства за настраданите од војната сириски деца, кој се потпира на средства добиени со „копање“ на крипто-валута.
Иницијативата „Game Chaingers“ е слична на проектите „SETI @ Home“ и „Einstein @ home“, односно ќе ги користат бесплатните компјутерски ресурси на волонтерите ширум светот. За разлика од доделените научни пресметки, сепак, учесниците во проектот ќе добиваат крипто-валутата етериум, која ќе се акумулира на сметката на УНИЦЕФ.
Добиените на тој начин виртуелни пари ќе бидат употребени од светската организација за помош на сириските деца. Идејата е да се привлечат млади луѓе, гејмери, кон добротворните цели. Во моментов, повеќето спонзори на УНИЦЕФ се постари од 50 години.
Според организаторите на првата добротворна кампања, ископувањето на крипто-валутата од компјутерите на волонтерите нема да биде проследена со зголемени трошоци за електрична енергија. Досега, проектот „Game Chaingers“ привлече 330 луѓе.