Советниците во Советот на Град Скопје денеска не прифатија да се најде на дневен ред иницијативата на СДСМ, Владата да ја преземе реконструкцијата на Универзална сала од Град Скопје.
Точката за оваа иницијатива не стигна до дневниот ред на Советот на Град Скопје, откако советниците од другите советнички групи не ја изгласаа. За неа гласаа само девет советници од коалицијата на СДСМ, а во салата беа присутни 25 советници.
Претседателот на комисијата за култура, Страшо Ангеловски, рече дека немало потреба од итност за ваква иницијатива. Тој информираше дека добил писмо од министерката за култура во кое се бара да се промени инвеститорот на реконструкцијата на Универзална сала и дека сега очекува средба со министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Штом Универзална сала не била реновирана пет или шест години, може да почека уште некој ден“, порача Ангеловски.