Универзитетот Јужна Калифорнија се согласил да плати повеќе од 1,1 милијарди долари на поранешни пациентки кои биле сексуално злоупотребени од гинекологот Џорџ Тиндал во кампусот. Тоа е најголемата исплата заснована врз основа на трошоци за сексуално вознемирување во историјата на високото образование во САД.
Сумата беше објавена во Високиот суд во Лос Анџелес, откако адвокатите на повеќе од 700 жени кои го тужеле универзитетот изјавија дека го прифаќаат износот на оштетата од 852 милиони долари.
„USC“ претходно се согласи да им исплати на поранешните студентки износ од 215 милиони долари во случајот што доби епилог пред федералниот суд во 2018 година.
Тиндал, единствениот гинеколог со полно работно време на здравствената клиника за студенти од 1989 до 2016 година, беше обвинет за злоупотреба на генерација жени од САД. Откако „Тајмс“ ја откри неговата проблематична историја на Универзитетот пред три години, на 74-годишникот му беше одземена медицинската лиценца и беше уапсен.
USC has reached a settlement with the former students who filed lawsuits in California state court involving George Tyndall. Details are posted at: https://t.co/SrMP8VcAIy.
— USC (@USC) March 25, 2021
Тој се изјаснил за невин за десетици обвиненија за сексуален напад и го чека судење.
Дури откако медицинската сестра Синди Гилберт го пријавила Тиндал за силување во кризниот центар во кампусот во 2016 година, УСЦ го суспендира и започна внатрешна истрага.