Универзитетот Оксфорд: Нашата вакцина е најефикасна кога се дава во две дози

од Nikola Popovski
362 прегледи

Оксфордската вакцина против коронавирус го стимулира производството на антитела и силниот одговор на Т-клетките на патогените микроорганизми, а најдобриот имунолошки ефект се постигнува кога ќе се инјектираат две дози на вакцината, објавија денеска од овој британски универзитет.

Вакцината „го стимулира производството на антитела и функцијата на Т-клетките“, објави универзитетот, откако беа објавени студии од првата и втората фаза од клиничките испитувања, објави Ројтерс.

„Двете дози на вакцината покажаа дека одговорот на антителата е многу посилен отколку кога се инјектира едната доза. Така, вакцината е најефикасна кога се даваат стандардните дози на вакцинат“, се додава во соопштението.

Слични содржини