Универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј“ очекува одлука од Бугарија за филијалата во С. Македонија

од Nikola Popovski
321 прегледи

Бугарскиот универзите од Велико Трново чека одлука од бугарската држава откако оваа недела македонската донесе одлука за отворање на првата филијала на Меѓународниот словенски универзитет на универзитетот именуван по светите браќа Кирил и Методиј.

Одлуката на владата на премиерот Зоран Заев е од 18 мај, со што се даде поддршка на Универзитетот од Велико Трново да ги искористи основните и финансиските гаранции на Меѓународниот словенски универзитет во градот Свети Николе за да отвори филијала, рече ректорот на универзитетот, проф. Христо Бонџолов:

„Аплициравме за 100 магистри во три магистерски програми – „Англиски“,„Информатичка технологија“и „Регионален развој“. Сите се на англиски јазик, a учењето е онлајн“.

Пред отворањето на филијалата, бугарската влада мора да се произнесе, објасни проф. Бонџолов:

„Постојат многу чекори поврзани со бугарското министерство, ние аплицираме, предлагаме, одобрени сме, одиме до Советот на министри да ни дозволи да ја отвориме оваа филијала“, вели ректорот.

Студентите ќе добијат дипломи од ВТУ, а магистерските програми се очекува да започнат оваа есен.

Фото: Радио Велико Трново

Слични содржини