Универзитетска диплома на Ердоган може да е лажна

од desk3
103 прегледи

Дипломата за високо образование на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да биде лажна, објави весникот “Московскиј комсомолец”. Ако овие сомнежи се потврдат, тоа може да стане причина и основа за интерпелација на Ердоган, бидејќи според турските закони претседателската позиција не може да биде заземена од човек без високо образование.

TURCHIA_-_Erdogan

Од публикацијата станува јасно дека прокурдската опозициска Народно-демократска партија (НДП) побарала копија заверена од универзитетската диплома на претседателот, кој во моментот не е видена од никого. Таквата копија беше претставено на Врховната изборна комисија на 10 јуни, односно две години по одржувањето на претседателските избори.
Само што сега станува јасно дека дипломата на Ердоган може да биде лажна. Во документот за високото образование на турскиот претседател се вели дека тој има завршено на Универзитетот Мармара во 1981 година Само пишува списанието “Шпигел”, универзитетот кој издал во 1981 година диплома на Ердоган, е основан година подоцна , во 1982 година.

Затоа сегашниот турски претседател не можел образованието да го заврши една година порано. Покрај тоа универзитетското раководство не може да обезбеди доказ за обуката на Ердоган во ВУЗ.
Ако се покаже дека Ердоган нема диплома, може да биде суден поради прекршување на условите на заземената позицијата од него во моментов . Медиумите забележуваат дека Ердоган има дипломирано на религиозно училиште во какво што се подготвуваат имами.
Со таква едукација тој би можел да биде прифаѕен само познавач на теологијата, но дипломата, за која тврди дека ја поседува, наведува дека претседателот дипломирал на факултет за економија и администрација на Универзитетот Мармара.

Дали Америка треба да продолжи да биде светски лидер?

Весникот “Билд” го цитира шефот на фракцијата во парламентот на десната националистичка Партија на национална акција Јусуф Халачоглу кој изјави: “Реков на претседателот: диплома ти е лажна. И знаете што направи тој? Не се пожали во судот.

“Според Советот на универзитетските професори, Ердоган немал диплома, туку сведоштво за поминати две или три години на универзитетот. Ибрахим Калин, портпаролот на Ердоган, реагираше луто по прашањето за дипломата на шефот на државата: “Што сакате, да направиме 10 милиони копии од оваа диплома и да ги испратиме на сите ли?”. Дали има или не вистинска диплома Ердоган, ќе се види. Но турскиот претседател за сметка на тоа веќе собра 44 почесни дипломи од универзитети во светот. Последната ја доби во почетокот на јуни од Универзитетот во Кампала, главниот град на Уганда. Сега турската опозиција чека официјално објаснување на случајот од страна на министерот за образование.