УНРВА: Никаква помош не прстигна во Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас во петокот

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека никаква помош не прстигнала во Појасот Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас во петокот наутро и оти се заканува „хуманитарно цунами“.

„Она од што се плашиме е дека ќе се вратиме таму каде што бевме во првите недели кога имаше апсолутна забрана, херметичка опсада во Појасот Газа – со последици кои се уште се чувствуваат“, изјави за Би-Би-Си Жулиет Тума, портпаролка на УНРВА.

Таа вели дека има напори да се продолжи со испораката на хуманитарна помош и повика на прекин на огнот.

„Ние сме на прагот на хуманитарно цунами во Појасот Газа“, истакна Тума.

Во меѓувреме, израелската војска нареди нова евакуација на Палестиците од Појасот Газа. На платформата Х објавени се мапи на арапски јазик на кои е прикажано од кои делови на Газа треба да се евакура палестинско население и каде да заминат.

Меѓу населбите кои Палестинците мора да ги напуштат се Џабалија, Шејаја, Бани Сухаил, Кан Јунис. Жителите на овие наслеби се упатуваат кон засолништата во Рафах на границата со Египет.

Слични содржини