УО на Здружение на судии: Судиите да издвојат минимум 20 проценти од својата плата за справување со коронавирусот

од Берта Китинска
132 прегледи

Судиите во Република Македонија да издвојат најмалку 20 проценти од нивната плата за месеците април и мај 2020 година за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот Ковид-19.Оваа одлука ја донесе Управниот одбор на Здружението на судиите во форма на препорака, и истата судиите треба да ја спроведат на индивидуална и доброволна основа.

Од УО на Здружението нагласуваат дека со ова ќе биде исполнета декларираната заложба на судиите, за учество во намалувањето на последиците од пандемијата и порачуваат оваа активност да се спроведена преку подружниците на Здружението на судите, во соработка со претседателите на судовите и судиите.

– Судиите, подружниците на Здружението на судии, и во целиот овој процес беа раководени од принципот на законитост, солидарност и пропорционалност односно сразмерност, се вели во соопштението на Управниот одбор на Здружението на судиите.

Тие информираат дека на денешната седница на Управниот одбор на Здружението на судиите, преку мејл/телефонска комуникација, била разгледана Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, т.е Решението за поведување на постапка за oценување на уставноста и законитоста, со времена мерка, на член 2 став 3, во врска со членот 3, од Уредбата со Законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба од 7 април 2020 година.

– Управниот одбор ја акцептира сериозноста на состојбата во која се наоѓа Република Северна Македонија, по објавената вонредна состојба предизвикана од пандемија на вирусот Ковид-19, и во таа насока, во целост ги подржува активностите на Владата и останатите релевантни институции, во насока на изнаоѓање на креативни и функционални решенија за ублажувања на последиците од ваквата состојба, притоа изразувајќи особена почит и благодарност кон здравствените работници, за нивната пожртвуваност и секојдневно ризикување на нивните животи, за нас и нашите семејства односно сограѓани, порачуваат од Управиниот одбор на Здружението на судии.

Слични содржини