Советот на јавни обвинители донел одлука да не им го продолжува мандатот на обвинителите кои имаат над 64 години и на тој начин, до крајот на годинава ќе разреши најмалку 30 обвинители од постарата генерација низ сите обвинителства во земјава, дознава Сведок од извори во Советот.

tn1_20160617_130115_anevski

Истиот Совет, откако е изменет Законот за работни односи и дозволува да се продолжи работниот век на работниците до 67 години, над 2 години носи одлуки со кои им продолжува мандат на обвинителите кои сакаат да ја искористат законската можност и да работат до 67 години.

“Дејли Меил”: И Бугарија ги забрани бурките!

Без никаква промени во регулативата, сега Советот, преку обвинителот Миле Мојсоски, кој ја „образложил“ причината дека не треба да им се продолжува мандатот на обвинителите, донел одлука со која практично, сите кои се на возраст помеѓу 64 и 67 години автоматски ќе заминат во пензија бидејќи нема да им биде продолжен работниот век. Но, нема ни збор, зошто по 2 годишно применување на законот, сега Советот на јавни обвинители се „премислил“ и ја променил својата одлука.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини