„УПАД“ НА ТЕРЕН: Претседателот мораше да го „прибира“ својот миленик! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Фудбалерите на Цирих и Сион одиграа нерешено 1:1 во 21-то коло од Швајцарската Супер лига во натпревар во кој беа видени седум жолти картони и еден црвен картон, како и еден промашен пенал.

Но, ништо од тоа не беше во центарот на вниманието – куче го украде целото шоу!

И не било кое!

Натпреварот во Цирих го прекина кучето на претседателот на домашниот клуб! Неговото име е Куки, а негов сопственик е Анчило Канепа, шефот на Цирих.

Канепа дури мораше да се симне од неговата ложа и преку трибините, сè до атлетската патека, за да го земе своето куче и да го изнесе од теренот.

Овој краток прекин на натпреварот предизвика многу смеа кај играчите на натпреварот, а се уште не знаеме дали Куки ќе биде казнет или ќе добие колаче …

Слични содржини