Ѝ упаднал во домот и ја чекал пред куќата: Маж обвинет дека ја демнел Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska

Џошуа Кристијан од Бруклин е обвинет дека ја демнел познатата пејачка Тејлор Свифт.

Тој е обвинет дека упаднал во еден од становите на пејачката во Њујорк на 26 март и дека ѝ се заканувал преку домофон на 12 јуни.

Тој бил и во куќата на Тејлор во Тенси, но датумот не е познат.

Тој во саботата се појави пред судот по овие обвиненија, а за време на неговото сведочење направи уште еден скандал. Имено, тој збеснал и барал да му се дозволи да се откаже од адвокатот што му го одредил судот и самиот да се застапува.

Наводно, Џошуа со месеци ја демнел Тејлор Свифт. Седел пред куќата и чекал таа да се појави.

Слични содржини