Упадот во Контролата за летање е рамно на тероризам, вели Тасевски

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Во нормални земји, еден таков чин би се сметал веројатно за тероризам, вели претседателот на синдикатот на контролорите за летање, Александар Тасевски во разговор за Гласот на Америка и тврди дека менаџментот ја деградира професионалноста на службата.

„Не е тоа влегување во продавница, па да може да се шета кој сака. Во нормални земји, еден таков чин би се третирал веројатно како терористички напад“, посочува Тасевски.

Во однос на нарушување на безбедноста, Тасевски вели дека треба да се прима професионален кадар во институцијата.

„Директорите се фалат дека безбедноста не е загрозена, дека безбедноста е на ниво. Тоа не е благодарение на нив, тоа е благодарение на нас, професионалците. Ние поради тоа бараме сите селекции да бидат направени професионално“, вели синдикалецот.

Слични содржини