Упатена шокантна порака до убиецот на Дугина: „Единствена шанса Наталија да остане жива е…“

од Stefanija Kuzmanovska

Членот на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов ѝ порача на украинската државјанка Наталија Вовк, која Федералната служба за безбедност ја идентификуваше како убиецот на новинарката Дарја Дугина, да побара азил во руската амбасада во Естонија.

– Единствена шанса Наталија Вовк да остане жива е веднаш да истрча во руската амбасада во Естонија и да побара азил. Тогаш ја чека судење, а таа може да си го спаси животот – напиша Рогов на својот канал Телеграм.

Според него, ако Вовк не го стори тоа, тогаш, како опасен сведок, „нејзиното раководство од СБУ или нивните англосаксонски господари“ ќе се ослободат од неа.

Дарја Дугина, ќерката на познатиот руски филозоф и аналитичар Александар Дугин, почина ноќта меѓу саботата и неделата во Москва, откако автомобилот што го возела експлодирал.

Дарја била со нејзиниот татко Александар на патриотскиот фестивал „Традиција“, кој се одржувал во селото Захарово.

Слични содржини