Упатена вербална нота до Софија поради навредите на Џамбаски

од Nikola Popovski
156 прегледи

Попладнево македонското МНР упати вербална нота до бугарското МНР поради навредите и провокациите на европратеникот Ангел Џамбаски, објавени вчера на неговиот Фејсбук профил.

МНР преку нашата амбасада во Софија изрази крајно незадоволство.

-Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на Република Северна Македонија. Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани, г-нот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, стои во соопштението од МНР.

Од таму бараат и очекуваат државното раководство, Владата и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија да го осуди и да се огради од изјавите на Џамбаски.

Џамбаски на својот Фејсбук профил пред еден ден даде изјава со наслов: „Димитар Ковачевски и вие србоманите во Скопје, немате место во ЕУ!“, а како позадина за време на дел од неговата изјава имаше стара мапа од денешна Република Северна Македонија како е дел од Бугарија.

„Изјавата на Џамбазки е говор на омраза и според сите меѓународни и билатерални договори има причина да се реагира. Мора да реагира и бугарската држава бидејќи тоа се веќе територијални претензии и навредливи изјави кон народот и етничките заедници“, изјави денеска министерот Бујар Османи.

Слични содржини