Уплатиле повеќе од 500 евра, по што биле измамени за работа во Германија

од Nikola Popovski

МВР информира дека двајца битолчани на возраст од 37 и 45 години пријавиле дека биле измамени од едно лице коешто им ветувало работа во Германија.

„Тие во повеќе наврати уплатиле сума од околу 12.000, односно 20.000 денари кон одредена фирма со уверување дека уплатуваат за трошоци за вработување во Германија, но и покрај тоа досега не им била понудена работа“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини