Употребиле сила и вршеле застрашување врз лице, кривични против тројца полицајци

од Берта Китинска
288 прегледи

Одделот за внатрешна контрола при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска доставил кривична пријава против тројца вработени во СВР Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело малтретирање во вршење на службата.

Како што информираат од МВР, пријавените, во својство на полициски службеници, на 6. март годинава на струмичката улица „Благој Јанков Мучето“, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х.

Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.