УПОЗ бара од МЗШВ поголеми плати и решавање на проблемите на шумската полиција

од desk3
78 прегледи

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и претставници на Синдикатот на УПОЗ денеска одржаа состанок на кој се разговараше за барањата на шумската полиција за заштита и почитување на нивните права од работниот однос, за пресметката и исплатата на платите, за иницијативата за утврдување бенефициран стаж, како и за набавката на материјално-технички средства и опрема.

sumska-policija

Како што соопшти МЗШВ, на состанокот беше постигната согласност во најкраток можен рок за овие прашања да се постигне согласност и да почнат преговори за потпишување колективен договор за шумската полиција.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ беа информирани дека платите на шумската полиција се во согласност со Законот за административни службеници и дека додатоците на плата редовно се исплатуваат.

За осовременување на техничката опременост веќе се направени сериозни напори. Преземени се и повеќе активности од страна на Министерството и во најскоро време опремата се очекува да биде обновена.

Во врска со бенефицираниот стаж на шумските полицајци е договорено да се формира работна група со претставници од министерствата за земјоделство, финансии, труд и социјална политика и информатичко општество и администрација, која треба во најскоро време да се произнесе во врска разрешување на овој проблем.