УПОЗ со писмо до Димитриев бара оставка на министерот за правда

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Синдикатот на УПОЗ со цел да се спротистави на решението за кратење од платите на штрајкувачите во судовите испрати писмо до премиерот Емил Димитриев.

timthumb (7)

Во писмото му се укажува на незаконските постапки кон штрајкувачите и од него се бара да покрене одговорност и да побара оставка од Министерот за правда, а да утврди и одговорност од Судскиот буџетски совет.

Тие бараат средба со Димитриев, со оглед како што се наведува во писмото, 56 дена судската власт не функционира поради тоа што кај министерот за правда и Судскиот буџетски совет нема интерес да се најде прифатливо решение.

-Судскиот буџетски совет кршејќи го Уставот на Република Македонија им нареди на претседателите на судовите наместо со поединечни решенија на штрајкувачите, да им скрати по 40 проценти од платата со издавање наредба до сметководителите. Со ова дотолку повеќе што на претседателите им се даде слобода призволно да определат кои штрајкувачи да бидат казнети и да им се скрати 40% од платата, а кои да бидат “помилувани“.

Вакви случаи има веќе во неколку судови и состојбата таму е хаотична и очигледно целта на Судскиот буџетски совет со закани и раздор меѓу штрајкувачите да се скрши штрајкот, почна да се ефектуира, пишува во писмото до Димитриев.

Слични содржини