УПОЗ со ултиматум: Штрајк во вторник ако нема зголемување на платите од 35 %

од desk3
84 прегледи

Како што денеска соопштија од синдикатот на УПОЗ, судската администрација во вторник (10 мај) ќе започне штрајк, ако до 15 часот в понеделник вработените не го добијат ветеното зголемување на платите за 35 %.

upoz

Од таму велат дека штрајкот е сe поизвесен, бидејќи Министерството за финансии не постапило по препораката на Владата и не обезбеди средства за исплата на додатоци на плата.

СЈО бара од судот да го замрзне имотот на битолскиот градоначалник

“Незадоволството кај вработените во судовите може да ескалира во секој момент и од штрајк да прерасне во бунт на судската администрација, бидејќи се соочуваме со долготраен игнорантски однос од страна на судската власт”, пишува во соопштението на УПОЗ .

Слични содржини