Управата и правосудството нема да работат два часа в четврток и петок, бараат исплата на минималец и усогласување на платите

од Берта Китинска
234 прегледи

Вработените во управата и правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот, барајќи исплата на минимална плата и линерано зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари.

Ќе се протестира во сите оние институции каде Синдикатот на УПОЗ има синдикални организации како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови.

– Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, меѓутоа тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција.

Во 95 проценти од институциите, како што посочи, се исплаќа плата под минималната, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат платата, а оние што веќе ја исплатиле, направиле грешки и исплатиле само минимална плата без стаж.

Слични содржини