Управата за водење на матични книги му се извини на семејството на Јакимовски, службеникот ќе биде санкциониран

од Nikola Popovski
341 прегледи

Управата за водење на матичните книги вчера јавно му се извини на семејството на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски откако тој во изјава за медиумите објави дека неговите син и снаа наместо извод од матична книга на венчани, добиле извод од матична книга на умрени. Управата известува дека направен е увид во целокупното постапување по предметното барање за издавање на извод на интернационален образец од матична книга на венчаните.

Утврдиле пропуст сторен од страна на административен службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје и најавија дека истиот во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници.

Во текот на вчерашниот ден, Јакимовски објави дека денот на нивната венчавка е впишан како ден на смртта.

-Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа. Потпишана е Дијана Антониевиќ, веројатно кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е Албанка не може да е на ДУИ, истакна градоначалникот.

Тој посочи дека економските причини за иселување веќе не се оние кои ги бркаат младите, туку тоа што „се давиме во хаос на секое поле“.

-Да сме држава со закон, ред и поредок, за оваа душевна болка, државата ќе треба да исплати милиони, меѓутоа ние, за жал, партиите правиме држава во кој што секој граѓанин ќе биде незадоволен, рече Јакимовски.

Слични содржини