Управниот одбор на ФФМ, на чело со Сејдини, си подели вкупно 300.000 евра (ФОТО)

561 прегледи

Членовите на Управниот одбор на чело со претседателот на ФФМ, Муамет Сејдини си поделиле по 20.000 евра од колачот – премија за пласман на Европското првенство на македонската А фудбалска репрезентација.

Како што пишува авторот на спортската емисија, „Полн погодок“, а пренесува „Спорт 1“, вкупната добивка од премијата за 15. члена на УО изнесува 300.000 евра.

Тоа како што наведуваат изворите, е за нијанса помала сума од онаа која ја добија фудбалерите кои  беа само резерви и не играа на еден од двата баражи за пласман, а го добија како дел од колачот од премијата вредна 3,2 милиони евра.

За потсетување, македонскиот репрезентативец и капитен на А фудбалската селекција, Горан Пандев вчера реагираше и во дел од своето обраќање, како да сакаше да открие за што станува збор.

„Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот уште ви е во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес“, истакна во дел од своето обраќање Пандев.

Слични содржини