Управниот суд ги заврши седниците по жалбите – тужбата на НДМ се отфрла како неоснована

од desk4
109 прегледи

Во  Управниот суд одржани се сите седници по жалбите поднесени за вториот круг од локалните избори.

Од судот за МИА изјавија дека во тек е изготвувањето на одлуките кои како ќе бидат готови, така ќе се објавуваат на веб страницата. Веќе е објавена одлуката по тужбата од Народното движење на Македонија која се отфрла како неоснована.

До Управниот суд беа поднесени 16 тужби. Единаесет од нив беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Претходно, Државната изборна комисија на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.