Управниот Суд со конечни одлуки без право на жалба

од Vladimir Zorba
126 прегледи

 Судечките совети на Управниот суд донеле одлуки за сите 28 тужби од политичките партии поднесени од политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори.

Синоќа до 18 часот на веб-страната на судот објавени се одлуките за 16 тужби кои се одбиваат како неосновани. Четиринаесет од нив се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по една од ТМРО и Левица.

Одлуките на Управниот суд се конечни.

Според информациите од Управниот суд, одлуките за поднесени тужби од партиите  постепено ќе се објавуваат преку АКМИС системот на веб – страната на Управниот суд.

По тужбите на политичките партии одлучуваа судечки совети составени од по пет судии избрани по пат на жрепка.

Вториот круг од локалните избори кои треба да се одржат во 35 општини е закажан за 29 октомври.