Упсс !- Чавков не може да биде министер за внатрешни работи

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години, пишува во член 97 од Уставот на Република Македонија.

 цавков и ис

Предлогот на премиерот Никола Груевски, Митко Чавков да биде новиот министер за внатрешни работи може да има проблем со Уставниот суд. Чавков има долга кариера во полицијата. Од  мај 2013 тој е директор на Бирото за јавна безбедност, а претходно беше шеф на Одделението за борба против  организиран криминал при МВР и раководеше со  Централните полициски сили.

Веројатно излез како и за многу што во МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ СЛОБОДНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА ЕКСПЕРТИТЕ на ВМРО ДПМНЕ или секогаш познатото кога судовите се прогласуваат за ненадлежни.
Владо Мисајловски не е познато политичко име во јавноста, но е затоа е важен партиски играч., братот на Владо Мисајловски, е сопственик на порталот „Курир“ кој што од неговото појавување е партиски билтен за  пресметки со неистомислениците  . Мисајловски е роден 1985 година. Речиси целата кариера ја поминува во државни институции. Тој е државен секретар во Министерството за транспорт и врски, поранешен државен секретар во Министерствоти за надворешни работи, член на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, како и поранешен претседател на младинскиот општински огранок во местото Ѓорче Петров.