Ураганот Иjан предизвика поплави на Флорида, два милиони луѓе без струја

од Stefanija Kuzmanovska

Ураганот Ијан ја погоди Флорида, придружен со силни ветрови и обилни врнежи од дожд кои предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ американската сојузна држава, пренесува АП.

Повеќе од 2,5 милиони жители на Флорида, на брегот на Мексиканскиот залив, добија наредба или предупредување да се евакуираат бидејќи се приближуваше ураганот Ијан, кој претходно ја погоди Куба.

Гувернерите на американските сојузни држави Јужна Каролина, Северна Каролина, Џорџија и Вирџинија прогласија вонредна состојба како мерка на претпазливост.

Слични содржини