Привршува хортикултурното уредување на урбаниот парк „9 Мај“, кој почна да се гради по повод на Денот на Европа.
Паркот се гради според сите современи стандарди, а со цел да ги задоволи потребите на граѓаните и нивното урбано живеење. Паркот е наменет за сите генерации и претставува совршено место за одмор и релаксација на аеродромци. Во рамките на овој урбан парк има спортско и детско игралиште, патеки, клупи за одмор, како и убаво хортикултурно уредување, кое ќе внесе посебна свежина.
„Горди сме што ги практикуваме европските вредности и работиме на подобрување на еколошките стандарди, урбаното живеење и поквалитетниот начин на живот на граѓаните“, изјави градоначалникот Златко Марин. Тој додаде дека е среќен што едно напуштено место, полека се претвора во прекрасно уреден парк.
Општина Аеродром продолжува со уредување на јавниот простор. Садењето и грижата за дрвјата и зеленилото е задача на сите нас.