Уредничката на омилениот весник на Путин пронајдена мртва: Нејзиниот шеф лани мистериозно се загуши

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Заменик-главниот уредник на весникот „Комсомолскаја правда“ ненадејно почина во Москва на 35-годишна возраст.

Пред да почине, таа им се јавила на колегите и им кажала дека не се чувствува добро.

„Одам да спијам“, рекла таа, а неколку часа подоцна била пронајдена мртва.

Весникот „Комсомолскаја правда“ е близок до владејачката руска влада, а во Русија го карактеризираат како омилен медиум на рускиот претседател Владимир Путин.

Таа работела како заменик-главен уредник и била задолжена за онлајн изданието.

Ана во неделата попладне им се јавила на родителите и им кажала дека не се чувствува добро и дека има висока температура. Нејзиното тело во станот го пронашол следниот ден нејзин пријател, кога сфатил дека таа не одговара на неговите повици и пораки.

Сè уште не се познати околностите за нејзината смрт. Нема докази дека некој провалил во станот и засега нема докази дека се работи за насилна смрт.

Неколку дена пред смртта се пожалила на респираторни проблеми, а во септември на Фејсбук напишала дека немала ниту еден слободен ден од почетокот на војната во Украина.

Руските медиуми јавуваат дека најверојатно имала срцев удар.

Мистериозна смрт на нејзиниот шеф

Она што многумина ги изненади е фактот дека нејзиниот шеф почина пред една година под мистериозни околности.

Според официјалните податоци, Владимир Сунгоркин (68) наводно доживеал мозочен удар во автомобилот за време на службено патување. Сунгоркин починал „ненадејно“ откако покажал знаци на „гушење“.

Според зборовите на колега, Владимир паднал во несвест неколку минути откако ѝ предложил на нивната група да најдат убаво место каде што ќе можат да се одморат и да ручаат.

Сунгоркин важеше за еден од најважните руски пропагандисти, поради што заврши на листата на санкции на ЕУ.

ЕУ го сметаше за „одговорен за поддршка на акции и политики кои го поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина“.

Слични содржини