Уредникот на „Франс фудбал“: Еве зошто Винисиус не ја освои „Златната топка“

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Винсент Гарсија, главниот уредник на „Франс фудбал“, весникот кој заедно со УЕФА ја организира наградата „Златна топка“, објасни зошто наградата не ја доби играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, туку Родри од Манчестер Сити.

Фактот што нивниот фудбалер Винисиус Јуниор не беше овогодинешниот добитник на „Златната топка“ предизвика голем гнев кај сите во Реал Мадрид, толку што решија да не доаѓаат на доделувањето кога ги известија дека наградата сепак ќе оди кај фудбалерот на Манчестер Сити – Родри.

Винсент Гарсија откри како трпел одреден притисок од Реал, како и зошто Бразилецот останал без награда.

„Очигледно е дека Винисиус остана без награда бидејќи во првите пет кандидати се најдоа и Белингем и Карвахал од Реал Мадрид. Винисиус така чисто математички му пресудија соиграчите бидејќи му одзедоа голем број гласови. Тоа е причината за последната сезона на Реал, поради која гласачите им дадоа поени на сите негови играчи и со тоа практично одиграа во корист на Родри“, изјави Гарсија, а потоа додаде:

„Бев под голем притисок од Мадрид да им кажам дали Вини ја освои наградата или не, но јас не попуштив“. Моето молчење веројатно ги доведе до заклучок дека не победил или дознале некако поинаку, не знам. Никој од Сити, па ни самиот Родри, не знаеше дека тој е освојувач наградата, тоа е нешто што можам да го гарантирам. Бев многу непријатно изненаден од однесувањето на Реал и тоа што не дојдоа на церемонијата. За тоа веројатно придонесе неодамна одиграното Ел Класико. Но, не сакам само да зборувам за нив, има многу други теми за разговор“, рече Гарсија.

Слични содржини