Сопственик на пензионирано полициско куче реши да ги тестира неговите реакции на одредени зборови, а еден поглед на неговото милениче стана вирален на социјалните мрежи.
На почетокот на видеото, кое најпрво се појави на „ТикТок“, а потоа се прошири на други социјални мрежи, може да се види како куче лежи во скутот на неговиот сопственик, кој почнува да набројува зборови што личат на список за шопинг.
Додека слуша зборови како јајца, мајонез, млеко, кучето нема реакција, сепак, кога сопственикот спомна „кокаин“, кучето остро го погледна.
„Само се шегувам“, одговори сопственикот.
Ова видео на Тикток за кратко време собра повеќе од 31 милиони прегледи, а многу следбеници напишаа во коментарите:
– Еднаш полициско куче, секогаш полициско куче.
@hoodvineunrated This is pretty impressive ngl😂😂 ##Hoodvine ##Raptv