Урнебесно ВИДЕО: Како се задржува време на фудбал во Бугарија

од Nikola Popovski
362 прегледи

Сигурно сѐ сте виделе во судиското продолжение, како на разни начини играчите се обидуваат да „украдат време“ во случаи кога нивниот тим го има посакуваниот резултат, но што се случило во бугарската трета лига досега сигурно не сте го виделе.

Во дуелот меѓу Беласица и Балкан од Ботев, домашниот тим постигна гол за водство од 2:1 при крај на судиското продолжение од натпреварот, а фудбалер на домашните не сакаше ништо да препушти на случајноста. За време на прославата се преправаше дека е повреден, со „грч во ногата“ и широка насмевка.

Кога го ставиле на носилки две медицински лица, по неколку секунди паднал и неколку пати се свртел. Ова секако го предизвика гневот на противничките играчи, но натпреварот некако беше приведен до крај, со конечен триумф на Беласица од 2:1.

Слични содржини